еМагазин
Image default
Македонија

Рускиот весник Комерсант: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Со усвојувањето на уставните измени во Скопје, со кои е променето името на државата во Република Северна Македонија, на оваа држава и се отвораат вратите на патот кон НАТО и ЕУ, пишува московскиот весник Комерсант.

Објаснувајќи ги уставните измени донесени во македонското Собрание и јавувањето на потешкотиите во грчката Влада и во Парламентот, Комерсант повикувајќи се на неименуван европски дипломатски извор на Балканот, пишува дека НАТО веќе во февруари планира да го потпише протоколот со Скопје за влез и дека по ратификацијата на сите членки на Алијансата, Македонија ќе стане 30-та држава членка.

-Не е изненадувачки што усвојувањето на уставните измени беше поздравено во НАТО, ЕУ и САД, нарекувајќи го овој настан „историски”. Руското Министерство за надворешни работи претходно овој процес го нарече „валкана манипулација”, оценувајќи дека неопходните гласови во македонското Собрание се обезбедени со уцени, закани и поткуп на пратениците од опозицијата, пишува весникот.

Комерсант оценува дека усвојувањето на уставните измени може да има уште една последица, важна не само за таа балканска држава, додавајќи дека, според мислењето на регионалните експерти, тоа може да влијае и врз доделувањето на автокефалност на Македонската православна црква.

Весникот, исто така, наведува дека повеќето балкански експерти се убедени дека Западот ќе го поддржи договорот со Македонија во грчкиот Парламент.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија бара преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 957 случаи со Ковид-19, оздравени 616 и двајца починати

Редакција

Сите детали: МВР вработува 600 полицајци во Скопје, Струмица, Охрид, Тетово, Битола…

Редакција

Елена Ристеска: Во овие тешки моменти македонската химна треба да ечи насекаде

Редакција