еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) На протестот за името Македонија во Атина сериозни инциденти и повредени најмалку 15 лица

Сериозни инциденти се случија за време на протестот против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент, повредени се најмалку 15 лица меѓу кои и еден фоторепортер, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите ги предизвикаа групи маскирани лица, веројатно припадници на радикално десничарски групи и организации кои пред грчкиот Парламент ја нападнаа полицијата со разни предмети и пиротехнички материјали, обидувајќи се да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до дворот на Парламентот.

Полицијата одговори со шок бомби и солзавци, а инцидентите набргу се проширија и низ улиците околу Парламентот.

Маскираните лица скршија и заштитна ограда од Парламентот, а фрлија и молотови коктели. Полицијата континуирано фрлаше солзавци.

Инцидентите се случија токму пред грчкиот Парламент, во горниот дел од плоштадот Синтагма, додека пак во долниот дел, онаму каде што беше поставена бината од организаторите и покрај солзавецот, на присутните паралелно им се обраќаа поканетите говорници.

Инцидентите траеа повеќе од два часа, а не ги прекина ниту дождот.

Како што претходно објави МИА, грчата полиција соопшти дека на протестот учествуваа околу 60 илјади граѓани.

МИА/Фото/видео: AFP news agency

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На протестот за името Македонија во Атина екстремни десничари и членови на Златна зора се обидоа да влезат во Парламентот

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

(ВИДЕО) Шок бомби, солзавец и пиротехнички материјали за крај на протестот за името Македонија во Атина

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија ќе им плаќа на граѓаните за да се вакцинираат, најави Вучиќ

Редакција

(Фото) Во Грција склучени првите истополови бракови

Редакција

Радев се пожалил на Штајнмаер дека во Македонија за време на пописот се вршело притисок врз луѓето со бугарски идентитет

Редакција