еМагазин
Image default
Балкан

Финале на протестот за името Македонија во Атина – најмалку 40 повредени и седуммина уапсени

Во инцидентите во делот околу грчкиот Парламент за време на протестот против Договорот од Преспа, повредени се најмалку 40 лица од кои 25 полицајци, еден фоторепортер и еден снимател, а приведени се 12 лица, од кои седуммина се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.

По судирите меѓу маскираните лица и полицијата, што траеја околу три часа, ситуацијата пред грчкиот Парламент се смири, протестот заврши, граѓаните си заминаа, а во центарот на Атина дојдоа возила на општинската комунална служба за да ги исчистат улиците од мермерот, камењата, предметите, шишињата, но и остатоците од солзавецот и шок бомбите.

Она што остана да сведочи за денешниот протест беа и слоганите кои кусо пред да започнат инцидентите, ги испишаа со спреови дел од маскираните лица – „Демократијата ја продаде Македонија“, но и пцовки упатени кон Ципрас, а го ставија и нивниот потпис – Златна зора.

МИА/Фото: РТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) На протестот за името Македонија во Атина сериозни инциденти и повредени најмалку 15 лица

(ВИДЕО) Затвореници во штипскиот затвор се затвориле во просторија бидејќи им биле одземени мобилни телефони

На протестот за името Македонија во Атина екстремни десничари и членови на Златна зора се обидоа да влезат во Парламентот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден на осум години затвор

Редакција

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од моментите пред убиството на 29-годишниот навивач на АЕК

Редакција

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Редакција