еМагазин
Image default
Македонија

По средбата на Заев со Адеми, ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура

По средбата на премиерот, Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.

Средбата, како што денеска изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, најверојатно ќе се реализира во петок.

– По враќање од службен пат, министерот Адеми ќе има средба со премиерот Зоран Заев и по тој состанок ќе се знаат понатамошните чекори. Дали ќе има поништување на дел од конкурсот, ќе се знае по работниот состанок – истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференцијата во Владата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Белопета: Врапчињата ќе запеат и за „Скопскиот џез фестивал“, па наскоро ќе ја дознаеме и целата содржина на песната

„На кого му треба Џез фестивал додека има Ѕвезде Гранда“: Твитер „прегреа„ за Годишната програма на Министерството за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 449 случаи од Ковид-19 од 3.283 тестирања, во Скопје 170

Редакција

83 нови случаи на Ковид-19 од 700 тестирања, во Скопје 44

Редакција

Mедицински лица од Кочани, Велес, Кавадарци и Кичево ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје

Редакција