Во исчекување на официјални информации од МВР, за да потврдат дека телото најдено во Нерези му припаѓа на исчезнатиот Горан Атанасовски, според информации од роднини и блиски пријатели, тој е најден во дол во Нерези.
Телото, според очевидци било пронајдено на непристапен терен, каде што може да се оди пешки. Неговиот автомобил бил пронајден на патот.
Причините за смртта треба да се утврдат на обдукција.
На социјалните мрежи во меѓувреме се создаде паника, бидејќи за многу краток период има повеќе исчезнати лица, а дел од нив се пронајдени мртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо
(Фото) Уште едно исчезнато лице: Се бара 35-годишниот Горан Атанасовски
Трагедија: Телото на Даниела по која се трагаше, најдено во водите на Вардар
Фото: Фејсбук/Атанасовски