еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Оливер Спасовски, еден од најсериозните кандидати за претседател на државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е еден од можните кандидати за претседател на државата на владејачките СДСМ и ДУИ.

Кој ќе биде официјалниот кандидат ќе биде познато денеска.

Кој е Спасовски?

Спасовски основно и средно училиште завршил во Куманово, каде што е роден.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професионалната кариера ја започнал во 2000 година како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од  2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Во периодот 2006-2008, 2011-2014 и 2016-2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година беше технички министер за внатрешни работи, а на 31 мај 2017 по трет пат е избран за министер за внатрешни работи

Има месечна нето плата од 71.066 денари.

Зборува англиски и француски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работел за двајца претседатели: Кој е Стево Пендаровски, еден од можните кандидати за претседател на државата

Спасовски и Пендаровски на „тапет“ на Твитер

Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска втор обид за завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Затворот Скопје вработува 16 лица, плата до 46.540 денари

Редакција

Меѓународниот суд во Хаг побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Редакција