еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ на Конгрес го потврди изборот на Пендаровски за претседателски кандидат

Од 783 делегати присутни на 23. Конгрес на СДСМ 712 едногласно, без против и воздржани гласаа за Стево Пендаровски и го избраа за кандидат за претседател на државата.

Своето обраќање Пендаровски го почна со благодарност за поддршката и како што објави вчера на својот фејсбук профил рече дека е чест што добива поддршка од 31 политичка партија и од граѓани од сите етнички заедници.

Посебна благодарност упати до лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој, како што рече, направил политички преседан и му дал шанса повторно да биде кандидат за претседател по пет години, од 2014 кога, рече, сите бевме предмет на брутален изборен инженеринг.

Драго му е што првпат од независноста на државата зад неговата кандидатура застануваат и три политички партии на Албанците кои немаат приговор за неговиот избор.

Ги спомна и другите фаворити на СДСМ, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска кои, рече се негови пријатели и соборци за иста кауза. За актуелната власт рече дека направила чудо со две работи – уривање на режимот и Договорот со Грција, додавајќи дека само тие две работи се доволни за да бидат запаметени во историјата.

„Ми дадовте огромна политичка одговорност, која во месеците и годините што се пред нас имам намера да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот на сите наши граѓани“, рече Пендаровски додавајќи дека денешниот е посебно емотивен ден за него.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Го избра ли власта „правиот“ кандидат за претседателските избори: Животот на Стево Пендаровски во 2,5 минути

Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ

Редакција

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција

162 се реинфекции: 1.269 нови случаи на Ковид-19 од 4.047 тестови

Редакција