Пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за мандатни прашања денеска си поднесе оставка од пратеничката функција. Оставката на Богоевски ќе биде на истата пленарна седница со барањето за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
„Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде последен глас од мене во Собранието“, изјави Богоевски.
Оставката на Богоевски доаѓа по притисокот во јавноста по скандалот со телефонскиот разговор, наводно снимен од таксист, а во кој може да се чуе како нарачува недозволени супстанци.
Според Богоевски, тој нарачувал масло од канабис за лекување на блиска личност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството ги бара таксистот и дилерот од случајот во кој е вмешан пратеникот Павле Богоевски
Драган Спасов Дац побара оставка од пратеникот Павле Богоевски
Павле Богоевски за аудио-бомбата од Будимпешта: Нарачував масло од канабис, а не кокаин
Фото: Богоевски/Фејсбук