еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) На скопјани им дојде преку глава: До кога автомобили и мотори слободно ќе се движат низ Градскиот парк?

Граѓаните на Скопје не можат да избегаат од градскиот метеж и бучава ниту во Градскиот парк, бидејќи уличките наменети за движење на рекреативците се претворени во сообраќајници низ кои постојано минуваат автомобили и мотори.

Доволно е човек да помине само неколку часа во паркот за да добие впечаток дека се наоѓа пред некоја прометна сообраќајна крстосница, за што се доказ и фотографиите кои се направени во текот на еден ден.

Несовесните возачи го користат паркот за да скратат на време и да избегнат семафори и чекање и не се премногу загрижени што со тоа го нарушуваат мирот и ја загрозуваат безбедноста на малолетни дечиња, нивните родители и сите граѓани кои сакаат да се одморат или да рекреираат во паркот.

Прашање е колку МВР и градските власти ќе го чујат крикот на граѓаните и дали ќе најдат начин со зачестени патроли, рампи и соодветна сигнализација да го решат овој проблем и да стават крај на движењето на моторни возила во Градскиот парк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев најмногу пари потрошил на авионски карти и угостителски услуги во институциите

Редакција

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Редакција

Зголемување за 25,5%: За една недела 7.280 нови случаи на Ковид-19

Редакција