еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Општина Охрид не бара од Владата да ги преземе надлежностите, туку заедно да работат по препораките на УНЕСКО

Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа, информираат од општината.

„Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправи сите грешки од минатото, направени од претходните власти. Целта е на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност.

Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје.

Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за Регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање.

Веќе започна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.

Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување.

Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

“Охриѓани багер дан требит?“: Охрид, УНЕСКО и дивоградбите топ тема на Твитер

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ќе успее ли Тамара да го подобри резултатот на Елена Ристеска на Евровизија

Редакција

Мицкоски: Од Комисијата има признание дека се преговора за идентитетот

Редакција

Црна Гора воведува построги мерки, се зголемува бројот на заразени од Ковид-19, но се уште нема делта сој

Редакција