Во Собранието помина предлог законот за изменување и дополнување на законот за возила со кој се воведуваат и програми за субвенционирање на дел од трошоците за: купување на возила на електричен погон или хибридни возила, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило.
Во него, се предвидува годинава да се одвојат 170.000.000 денари или околу 2,7 милиони евра за субвенции, што е доволно за околу 900 возила со оглед на тоа што министерот за економија Крешник Бектеши најави дека субвенциите нема да надминуваат 3.000 евра.
Во законот пишува дека со програмите за субвенционирање предвидено е од буџетот да се одвојат 245.000.000 денари или околу 3,9 милиони евра во 2020 година и 320.000.000 денари или околу 5,2 милиони евра во 2021 година.
Тоа се субвенции доволни за 1.300 возила наредната година и 1.734 возила годината потоа.
Инаку, со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори. Се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу кандидати за субвенциите од 2,7 милиони евра: Дури 269.000 возила се постари од 18 години
Детален преглед: Какви субвенции се предвидуваат со измените на законот за возила?