еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

Италијанскиот весник „Ла Верита“ продолжува со објавување на нови видео и аудио снимки за случајот “Рекет“ на Јавното обвинителство.

Во најновите аудио снимки повторно се слушат гласовите на осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и сведокот во истиот случај, бизнисменот Орце Камчев, но и специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева, тврдат од весникот.

Во аудио снимката наводно Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), која го води случајот „Империја“, во кој е осомничен Камчев, е под нејзина контрола.

„Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо“, му вели наводно Јанева на Камчев.

Во материјалите кои ги објавува „Ла Верита“ за прв пат се споменува и премиерот Зоран Заев.

Во сторијата на весникот се споменува познанството на Боки 13 со Заев, а во снимките Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „замачка“ очи и дека ќе се види со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најави ли Катица Јанева и нови: За кои актуелни функционери СЈО има истраги?

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

(АУДИО) Хит на социјалните мрежи: „Се ќе биде океј“, песна со Јанева и Камчев

“Нема рекет, нема мир“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Камчев, Боки 13…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Маја Морачанин, која повторно е избрана за претседателка на ДОМ

Редакција

(Фото) Tиквеш се нуди како главно вино во Пешкопеја, Албанија

Редакција

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во скопските општини

Редакција