По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица, информираат од таму.
„Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.
Во текот на утрешниот ден е повикано третоосомниченото лице, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.
Во „Рекет“ се осомничени Бојан Јовановски (Боки 13), Зоран Милески-Кичеец и Катица Јанева.
Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е сведок-жртва.
Обвинителството води истрага и за невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 од Русковска дознал дека истрагата за него е завршена и не дал исказ
(ВИДЕО) Боки 13 донесен во Обвинителството на распит за „Рекет“