еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Што сакаше да каже Верушевски со сведочењето дека „бомбите“ доживеале стравотна модификација и компромитирање

Сведочењето на поранешниот разузнавач, а сега советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, на судењето за „Таргет-Тврдина“ предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

На големо изненадување на јавноста, Верушевски се огради од „бомбите“ и рече дека истите не завршувале кај него, туку кај СДСМ и лидерот на партијата, Заев.

Кога почнаа да се „пукат“ „бомбите“ на јавноста и беше презентирано дека на Заев му ги дал Верушевски.

Тој во сведочењето исто така посочи дека „бомбите“ доживеале страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.

“Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода“, рече Верушевски.

„Бомбите“, поради и кои беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се спорат уште кога за прв пат беа пуштени од тогашниот опозициски лидер Заев, а нив се „удира“ константно се до денеска, кога не е јасно колку истите ќе бидат искористени во актуелни судски процеси на СЈО и евентуално идни, откако истите пред неколку дена од СЈО завршија во Јавното обвнителство.

За сведочењето на Верушевски се огласи и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, кој на Фејсбук коментира дека ова е најголемата „бомба“, односно дека снимките сепак биле монтирани.

Пред неколку години, кога Заев почна со објавувањето на „бомбите“, во својата прва изјава Груевски рече дека истите биле „сечени, лепени и монтирани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се огласи за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани!

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На членовите на Одборот на директори на Лотарија на Македонија лани исплатени 1,7 милион денари

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Стојаноски со сопругата имаат стан и куќа, вози Форд Фиеста

Редакција

(Фото) Груевски „тера“ бизнис на брод на Дунав

Редакција