По искажаниот интерес од Комерцијална банка за купување на Еуростандард банка се наметнува прашањето каков бенефит би имала една од најголемите банки во земјава од оваа купопродажба и колку пари е подготвена да издвои за да ја преземе сопственоста врз оваа банка.
Според извештајот на Еуростандард банка за 2018 година, банката располага ао актива од околу 11,8 милијарди денари или околу 192 милиони евра, што значи дека Комерцијална банка значително би ги засилила позициите на пазарот доколку ја купи Еуростандард банка.
Дополнително Комерцијална банка би добила солидна мрежа од нови експозитури, како и клиенти.
Еуростандард банка е во сопственост на само два акционери од Швајцарија. Станува збор за „Гофи груп“ и „Истерн хемисфер холдинг“.
Познато е дека зад „Гофи груп“ стои еден од најпознатите македонски бизнисмени и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски кој е и претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка.
Инаку, акционерскиот капитал на банката се состои од 18.000 акции со вредност од 1.000 евра по акција.
Претпоставка е дека најниската сума која Комерцијална банка односно нејзиниот долгогодишен директор Хари Костов би можело да ја плати за купување на Еуростандард банка е 18.000.000 евра.
Сепак, цената допрва ќе биде предмет на преговори меѓу двете страни, кои јавно кажаа дека се заинтересирани за оваа зделка што би донела окрупнување во македонскиот банкарски сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпаркасе со купувањето на Охридска банка ќе ги загрози Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка
Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето
Дали Комерцијална банка „се плаши“ од продажбата на Охридска банка?
Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка
Фото: Еуростандард банка/РТВ Сло