еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

Власта и опозицијата ги прекршија сите рокови и едвај се усогласија за начинот на избор на новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата за на крај изборот уште на старт да добие црна дамка и тоа затоа што за член на комисијата меѓу другите беше избран и Нури Бајрами, баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери не гледа ништо спорно во тоа што сопругот на неговата сестра стана член на комисијата, а спорни моменти нема ниту за Бајрами.

Сепак, тие двајцата треба да знаат дека станува збор за чувствителна позиција и дека иако законски нема ништо спорно, ваквиот избор носи сомнежи за работењето на целата комисија.

Колку и да се добри намерите на Бајрами и колку и да е тој квалификуван, македонската јавност во иднина треба да верува дека доколку Антикорупциската комисија отвори случај за Џафери или некој друг висок функционер од ДУИ, неговиот баџанак нема да биде изложен на „семеен притисок“ за да се заташка евентуално коруптивно однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Поради дефицит на кадри баџанакот на Талат го ставиле за член на Антикорупциска“ : Твитер се „вжешти“

Билјана Ивановска избрана за претседател на Антикорупциска, кои се другите нови членови

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Ве описменивме“: Бугарската делегација во Битола пречекана со протести

Редакција

На Ковид-19 активни 1.068 малолетници, од 5.000 тестирани ученици само 15 биле позитивни

Редакција

Ансамблот „Танец“ традиционално, со новогодишен концерт и нова кореографија, ја заокружува 2021 година

Редакција