Според министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, кој ја предводеше македонската делегација во Баку на 43. сесија на комитетот за светско и културно наследство на УНЕСКО на прстите од двете раце можеле да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид.
Најголем дел од 409 градби според него не биле цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел биле гаражи, огради, дел биле дополнителни скали, вели Адеми во интервју на Радио Слободна Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Едмонд Адеми на прсти се броеле големите дивоградби во Охрид
Изјавата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
На прсти се бројат дивоградбите во Охрид.
Ме: pic.twitter.com/QxcAYjFb3A— Џокер Ботов (@thajoker_MK) July 14, 2019
Ако СДСМ вика дека има 409 дивоградби во заштитениот појас, ама "големите" може да се избројат на 2 раце, значи не е проблем у рок од 2 месеца да се срушат тие 400 (наводно: гаражи, настрешници, скали), па да викаме дека имаме само 9.
Или, пак лажат господава.
— Lina Lu (@Linalu123Lu) July 14, 2019
A малите и средните? pic.twitter.com/SX5Xepomx6
— Садула Експлорер🌐 (@ninjastic7) July 14, 2019
Сеа…технички гледано… pic.twitter.com/soEluJ9BXj
— Бог…but friends call me Нефи… (@prkosot) July 14, 2019
Адеми: на прсти се бројат големите дивоградби во Охрид.
Точно на прсти од раце и нозе на еден фудбалски тим, со се резервна клупа и управа.
На мамлазиве им се поремети видот откако се уфотељија.— 660 (@BBozh) July 14, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Охриѓани багер дан требит?“: Охрид, УНЕСКО и дивоградбите топ тема на Твитер
Фото: Фејсбук/Адеми