еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Адора Инженериг ја „забетонира“ позицијата на најголем акционер во Комерцијална банка, кои се другите акционери?

Преку системска блок трансакција компанијата Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје вчера купи 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, за кои плати околу 1,4 милиони евра.

Сега како што информираа од Банката, Адора Инженеринг заедно со поврзаните лица поседува вкупно 245.347 обични акции, односно има учество од 10,76% во основната главнина на Комерцијална банка.

Со оваа трансакција Адора Инженериг ја „забетонира“ позицијата на најголем акционер во Комерцијална банка, која ја стекна минатата година кога почна да купува акции во Банката.

Кои се другите акционери?

Структурата на акционерскиот капитал на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2018 година се состои од 4.940 акционери, правни и физички лица, од кои 93,8% се домашни, а 6,2% се странски, стои во годишниот извештај на Комерцијална банка за минатата година.

„Во текот на извештајниот период настана промена на структурата на акционери со квалификувано учество од над 5%.

До март 2018 година единствен акционер со квалификувано мнозинство од 13,076% беше East Capital Explorer Investments AB од Стокхолм, Шведска, кој во текот на месец март изврши продажба на сите свои акции во Комерцијална банка.

Како купувачи на овие акции се јавија четири правни лица кои поединечно не го надминуваа прагот од 5% учество во акционерскиот капитал на банката.

Во текот на месеците мај и јули преку повеќе берзански трансакции беа истргувани акции на банката, чиј купувач беше правното лице „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ Експорт Импорт Скопје кое со оваа трансакција го надмина прагот од 5% од вкупно издадените акции на Комерцијална банка АД Скопје и заклучно со 31.12.2018 година заедно со поврзаните лица има учество од 10,09% во вкупниот број на издадени акции и 10,10% во вкупниот број на акции со право на глас“, пишува во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се крие зад константното купување акции во Комерцијална банкана од страна на Адора Инженеринг и Чифлиганец?

Адора Инженеринг е купувачот на 15.191 акција од Комерцијална банка за кои плати 1,4 милиони евра

За 1,4 милиони евра продаден блок од 15.191 акција од Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Ковачев: Григор Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Редакција

Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција