еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Џафери ги спаси пратениците од тестови за наркотици, ама ништо не ги спречува да се тестираат сами

Инцијативите за тестирање на македонските пратеници на нарко-тестови почнаа и завршија за два дена. Не си ни чудо за три дена.

Први тестирање на пратениците, но и на другите функционери предложија од владејачката ДУИ, а вчера до нивниот партиски член, Талат Џафери, претседател на Собранието, инцијатива за доброволно тестирање на пратениците доставија од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Џафери веднаш се огради со објаснување дека нема правна основна за тоа и дека не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

Бидејќи сите политички партии се сложија дека подржуваат вакви инцијативи, никој не ги спречува пратениците овие тестови да ги направат дома, на клиника, во партија, каде сакаат…

И не само пратениците. Сите.

А потоа да ги објават резултатите на нивните Фејсбук профили. Многу е просто и едноставно.

Се друго е гола вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Наркотиците во македонската политика не се новина: Како Љубчо Георгиевски го обвини Бранко Црвенковски дека се „трезни„ со кокаин

Џафери ги спаси пратениците од тестови за наркотици, ама ништо не ги спречува да се тестираат сами

„Падна“ иницијатива за понеделнички доброволен нарко-тест за сите пратеници

Не само за наркотици, тестови и за менталното здравје на македонските политичари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија го враќа на маса проширувањето на ЕУ во ноември, ама тоа ништо нема да смени

Редакција

(Фото) Ограбен Државниот инспекторат за локална самоуправа

Редакција

„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може

Редакција