Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати телеграма на сочувство до институциите и граѓаните на Албанија.
„Потресот од минатата ноќ што се почувствува и во нашата земја, бил само почетокот на потресите кои на последователен начин сѐ уште ја тресат братска Република Албанија, Тирана, Драч, Туман…
Длабоко сум потресен и изразувам искрено сочувство за жртвите од оваа несреќа и до нивните блиски семејства. Во исто време, со мисли, надеж и желба да бројот на жртвите не се зголеми, повредените да бидат со што помали здравствени последици и брзо оздравување.
Во оваа тажна пригода, кога природата на најдиректен начин ја демонстрира својата непредвидлива моќ и ги става во искушение трпението, солидарноста и сочувствувањето кон нашиот близок, кон соседот и кон човештвото воопшто, посакувам сите да пружиме рака на помош, искрени мисли на поддршка и храброст да гледаме напред и тогаш кога сме во најтажната состојба да се рикуперираме уште пообединети“, вели Џафери во телеграмата.
Претходно и премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил напиша дека со загриженост се следат вестите за големиот земјотрес во Албанија.
„Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка“, напиша Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме
Балканот се тресе: Силен земјотрес и во Босна, почувствуван и во Македонија
(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе
Силниот земјотрес во Албанија, во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени