еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети: Да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот

Битно е предвремените парламентарни изборите да се демократски и да победи најдобриот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба што вечерва се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана.

Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година. Битно е изборите да се демократски согласно сите стандарди и да победи најдобриот, порача Ахмети.

Во врска со одржувањето на изборите, без спроведување на пописот, Ахмети изјави дека ќе се види како тоа „ќе се изменаџира“ и кога ќе може технички да се спроведе пописот.

– Сега е значајно да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот, рече Ахмети.

Тој нагласи и дека сите партии и од власта и од опозиција ја искажале својата определба да не го загрозат европски пат на земјата.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Села: 12 април е можност за да се донесе промена

Мицкоски: Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше

Тачи: На земјата и се потребни фер и демократски избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО препорача куќен притвор и за Сашо Мијалков

Редакција

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Редакција

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција