еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева: Чиста сум, не само Бојан Јовановски, туку и други без да знам го злоупотребувале моето име и презиме

Најдоговорно тврдам дека на ниту еден начин, ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“.

Ова денеска на прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство го изнесе обвинителката во оставка, Катица Јанева.

– Точно е дека се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ  и дека на дневна основа комуницира со лицето кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што наведе, некој се обидува да им нашетети на нејзиниот углед и чест.

Рече дека во подолг временски период до неа допираат гласови оти не само Бојан Јовановски, туку и многу други без да знае, го злоупотребувале нејзиното име и презиме за различни цели.

Јанева вели дека била свесна дека со преземањето на оваа функција ќе биде цел на различни напади и политички препукувања.

– Од моментот на изборот за специјален јавен обвинител, мојата професионална биографија, приватниот живот и моето семејство беа цел на постојани напади со девалвирање и инволвирањето во дневно-политичките препукувања. Не сакам да оставам погрешен впечаток. Се нафатив на функцијата специјален обвинител во тешки околности, свесна дека ќе бидам цел на напади за моја лична дискредитација, рече Јанева.

Повикот да и се служи на државата, како што рече Јанева, и да предводи исклучително професионален тим што се занимава со висока корупција каде се инволвирани највисоки државни функционери, е сериозна чест и мнoгу голема одговорност.

Таа и се извини на јавноста што подолг период не излегла во јавноста иако, како што посчи, не и било лесно да го следи јавниот линч.

– Решив дека нема со ниту еден мој потег да создадам впечаток дека правам притисок или се мешам во истражните дејствија, рече Јанева.

Потсети дека веќе ја има депонирано оставката, што ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласт за новото законско решение за статусот на СЈО.

– Ја поднесов оставката зашто не сакам да бидам користена за нечие алиби за европските интеграции, но потврдувам дека нема на никаков начин да влијаам на конечниот исход на случајот „Рекет“.

СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција, беше е и верувам дека ќе остане симбол на беспоштедна битка против високата корупција и криминал.

Оставам во наследство десетина затворени истраги, подготвени за брзо процесирање. Тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се убедуваше да го спречи мојот реизбор и со невидена медиумска хајка се обидува  да го загрози и кредбилитетот на СЈО, заклучи Јанева во изјавата за медиумите дадена во СЈО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева на денешната прес-конференција во СЈО не одговараше на новинарски прашања

„Село гори, Ката се чешла!“: Твитер реакции за видеото на Катица Јанева од фризерски салон

(ВИДЕО) На социјалните мрежи се појавија снимки со Катица Јанева на фризер

Не бил изгубен: Обвинителство го обезбеди и вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лекот „дексаметазон“ може да биде спас за тешко болни пациенти од коронавирусот

Редакција

Украина понуди, Русија прифати мировни преговори

Редакција

За налепниците и регистарските таблици со „NМК“, МВР склучи договор со „Квантум“ вреден 2,3 милиони евра

Редакција