еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Бомбите“ ќе пукаат по потреба: Кој се ги поседува освен СЈО

Четирите нови „бомби“ кои се појавија 24 часа пред изборниот молк за првиот круг на претседателски избори, отворија многу дилеми во јавноста, а дел од нив се дали ќе продолжи трендот „бомбите“ да пукаат по потреба, кој се ги поседува, кога се снимени, се прислушкува ли се уште?

Дали кога државата ќе се наоѓа пред одредени политички процес, ќе се појавуваат нови „бомби“ со разговори на актуелни и поранешни политичари?

Се поставува и прашањето, кога се снимени новите „бомби„, кои наводно, се со Бранко Црвенсковски, Гордана Јанкулоска, Оливер Спасовски, Љубомир Фрчкоски и Алберт Муслиу и дали и тие се дел од пакетот што го објави пред неколку години тогаш лидерот на опозицијата, сега премиер, Зоран Заев.

И додека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најде начин каде ќе завршат „бомбите“ кои ги поседува, очигледно е дека „бомби“ се „чуваат“ и на други места освен во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

-Предложивме до Министерството за правда да се формира тело кое ќе реши каде ќе се чуваат овие “бомби“, бидејќи предметите нема брзо да завршат. Еден ден тие ќе бидат историско богатство, истакна Јанева на една од дебатите на МАНУ за реформите во Обвинителството.

СЈО досега преслушало 96 отсто од “бомбите“, кои биле анализирани и селектирани зависно од тоа кои се приватен, а кои од јавен интерес.

Новите „бомби“ излегуваат и во време кога власта и опозицијата не можат да се договорат околу новиот Закон за јавно обвинителство и како СЈО ќе функционира во рамките на постоечкото обвинителство.

Опозицијата не сака Јанева да остане обвинителка, а не ги сака ни „бомбите“ како доказ.

Донесувањето на Законот за јавното обвинителство е еден од предусловите во јуни да добиеме датум за старт на преговорите со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) На You tube има уште две нови „бомби„

Ќе има ли нови „бомби„?

(АУДИО) „Експлодирааа“ нови „бомби“ со Црвенковски, Спасовски, Фрчковски, Јанкулоска

Некои чудни “бомби“ на два дена пред избори: Кој е Илија Громовник?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 15 години Бугарите повторно ја воведоа мерката 20 евра за дезинфекција на возило на граница

Редакција

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Нови 10 случаи на заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Редакција