Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, наместо да проверува кој стои позади отварањето на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград, да провери убаво кој стои позади бугарските клубови со имиња на фашистички соработници кои се отворија во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не за друго. Ај што истите на социјалните мрежи шират говор на омраза, а за едниот Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кажа и дека ги дискриминира Македонците, туку почнаа да леферуваат и лажни вести. Тоа е ем против Договорот со Бугарија, ем против контроверзниот Протокол, кој го потпишавме со источниот сосед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата
Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола
Имено, бугарската фондација „Бугарска меморија“, чиј основач е бизнисменот Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови, “Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, во Битола и Охрид, престави ученици од Македонија како истомисленици на клубот „Ванчо Михајлов“, што очекувано предизвика лавина од негативни реакции и осуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тоа што оваа фондација користи и деца за пропаганда, пластично покажува кои и се вистинските намери и зборува за неа.
По бурните реакции на јавноста, но и на раководството на техничкото училиште во Битола, фондацијата ги избриша фотографиите од директорката на училиште, Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, и дел од текстот каде тие се споменуваат, во објава на интернет страницата на фондацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходно во објавата на фондацијата стоеше дека македонски ученици кои се истомисленици на клубот „Иван Михајлов“ биле во посета на Бугарија, и дека со нив таму пристигнале и првите луѓе на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола, кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане.
Директорката Сервини демантираше било каква поврзаност со фондацијата и дека ученици на училиштето биле дел од посета на Бугарија, но остана нејасно како фотографија со нејзе осамна на интернет страна на фондацијата.
Фото: Фејсбук/„Бугарска меморија“