Во скопската општина Чаир, моментално, според последните податоци заклучно вчера, има 54 активни случаи на заразени со корона вирусот, што е повеќе од вкупниот број на лица кои со вирусот беа заразени во Дебар, кој до пред извесно време беше во карантин.
Во Дебар беа регистрирани вкупно 51 случај, со денови нема новозаразени и моментално нема активни случаи, односно сите лица се оздравени, а четири лица од оваа бројка починаа.
Голем број на активни случаи во моментов има и во неколку други скопски општини, како Сарај, Гази Баба и Аеродром.
Министерот Венко Филипче, вчера изјави дека доколку во овие општини продолжи непочитувањето на мерките, може да завршат во карантин како Дебар.
Во Скопје според последните податоци вкупниот број на активни случаи е 239, а вкупно се заразени 797 лица.
Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека неколку градови имаат помалку активни случаи отколку Чаир: Куманово – 448, активни 42, Дебар – 51, активни 0, Штип – 61, активни 26, Прилеп –211, активни 43, Тетово – 191, активни 69, Струга – 79, активни 11, Велес – 129, активни 30, Битола –28, активни 6, Охрид –23, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 32, активни 1, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1, Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изводливо ли е технички во карантин да одат само Чаир, Сарај, Гази Баба и Аеродром