еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од марихуана во бизнис со струја: Во што инвестираат членови на семејствата на функционерите и политичарите

Ако до пред неколку месеци најатрактивен бизнис за членови на потесното и поширокото семејство на македонските политичари и функционери беше бизнисот со одгледување на марихуана за медицинска употреба, сега е бизнисот со производство на струја.

Разбрливо, ако имате пари, во оваа време-невреме, најпаметно би било да ги инвестирате во производство на струја, чија цена по војната во Украина руши рекорди.

Струјата ќе вреди како злато и следната година, во тоа нема дилема.

Како и во случајот со марихуаната и законодавството поврзано со производство на струја во Македонија изминативе месеци полека, но сигурно, се „релаксираше“, па сега е полесно да се влезе во овој бизнис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Али Ахмети, Шкумбин, влегува во бизнисот со производство на струја

Твитер реакции за влегувањето на синот на Ахмети во бизнисот со струја

Па, не е и некое изнедување што синот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, влегува во бизнисот за производство на струја.

Тој е последниот од членовите на семејствата на политичарите и функционерите кои влегоа во овој бизнис.

Во бизнисот со струја е и синот на соопартиецот на Ахмети и поранешен функционер, Муса Џафери.

Аријанит Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, а во фокусот на јавноста беше пред неколку месеци кога го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.

Во бизнисот со струја е и синот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, Душко Заев.

Медиумите изминативе месеци пишуваа и дека и братот на Заев, Вице Заев, менаџира компанија за производство на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, меѓу основачите на фирма која ќе произведува струја

Во истиот бизнис неодамна влезе и сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена Ковачевска, кој исто така беше во овој бизнис пред да стане заменик-министер за финансии.

Премиерот објасни дека таа влегла во бизнисот со сопствени пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата со свои пари ивестираше во фирмата за производство на струја, а тоа е пријавено во мојот анкетен лист, вели Ковачевски

Што се пријавил премиерот на име на сопругата во неговиот анкетен лист

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винарија Камник со нов производ: Првото македонско 100% Carménère

Редакција

Клиника Жан Митрев: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

Редакција

(Фото) Јавните претпријатија за државни патишта се уште не ја отстраниле опасната карпа што виси над автопатот Скопје-Велес

Редакција