Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази жалење за загубата на животите во земјотресот во Албанија и подготвеност за помош.
– Длабоко жалиме за загубата на животите во земјотресот во Албанија. Ние сме подготвени да помогнеме. Нашите мисли се со народот на Албанија, напиша утрово министерот Димитров на Твитер.
Тој исто така информираше дека се јавил на неговиот колега Гент Цакај, за да изрази сочувство за жртвите и да го информира дека работат на итно испраќање на тим за пронаоѓање и спасување и соодветна машинерија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотресот во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени
(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви
Земјотреси во Албанија го стресоа Балканот, силно почуствувани и во Македонија
Фото: Влада