еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Димитровска: Коментирате за Нотр-Дам, но не и за Курбиново, Перивлепта, Шарената џамија

Археологот и директор на ХАЕМУС, Василка Димитровска на својот Фејсбук профил направи паралела помеѓу значењето што Нотр-Дам во светот и некои од нашите споменици кои датираат од тој период.

„Коментирате за #NotreDameDeParis дека е страшно! Се разбира, страшно е кога 850 година на историја ќе го снема за миг во пламен. Трагедијата на еден ваков споменик е немерлива во нашата човечка димензија.

Но не Ве гледам да коментирате за Курбиново, Перивлепта, Шарената џамија и многу други наши спомениците кои се еднакво стари и важни за светското културно наследство, а пропаѓаат. Колку за споредба, Нотр дам (1163) е скоро со иста датација како и Пантелејмон во Нерези (1164).

Како што сите оние кои немаат слика со готската катедрала се важи дека не биле во Париз, така за мене сите оние кои немаат слика од Пантелејмон, не биле никогаш во Скопје.

Се подразбира дека треба мошне внимателно да се постапува со културното наследство, токму поради вакви причини. Со секое снемување на некој споменик, исчезнува и дел од колективната меморија врз која почиваат современите општества. Затоа, почитувајте го другото, но гордејте се со сопственото културно наследство“, вели Димитровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за пожарот во Нотр-Дам: „Везе за Нотр-Дам, а нема еден твит за македонските цркви и манастири“

(ВИДЕО) Катедралата Нотр-Дам е спасена, пожарот не бил подметнат

(Видео) Гори симболот на Париз, катедралата Нотр-Дам

Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 35%: Минатата недела 26 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација и на штета на бугарската заедница во државав

Редакција

(Фото) Камион излета од автопатот Тетово-Гостивар и заврши во дворот на полициската станица, возачот повреден

Редакција