Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија и Балканот и констатира дека „цунамито немилосрдно се доближува“.
„Во Словенија 4.500 се новозаразени, 87% невакцинирани. Во Хрватска 6.800 новозаразени, 84% невакцинирани. Цунамито за жал немилосрдно се доближува. Бројот на вакцинирани во Словенија и Хрватска е околу 50%, кај нас само 38%.
Словенечкиот здравствен фонд е 11 пати, а хрватскиот 7 пати побогат од македонскиот. Колку пари, толку и музика. Анти ковид вакцините за жал се далеку од совршено оружје, во борбата со вирусот, ама за уште поголема жал, се уште се единственото оружје.
Размислете и одлучите денес, утре може да е предоцна,“ порачува Беќаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Беќаровски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.