еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има или ќе нема избори во април?

Владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени сите законски предлози кои се врзани со примена од 1 јануари, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Се очекува на денешното продолжение на 123. седница да бидат донесени околу четириесетина закони врзани со рок, односно со примена од 1 јануари, меѓу кои и од сферата на финансиите, социјалата и здравството.

Сепак за сега нема согласност за носење на некои од клучните закони, како на пр. Законот за одбрана, кој го спори ВМРО-ДПМНЕ.

Токму со изгласувањето на законите во Собрание деновиве СДСМ, но и премиерот Зоран Заев го условуваа договореното одржување на предвремените парламентарни избори.

Дали во април ќе има избори или не ќе стане појасно викендов откако ќе биде познато дали ќе има техничка влада, со што ќе биде невозможно да се одложат изборите.

За викендов се најавени и средби на лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои меѓудругото треба да разговараат и за новата техничка влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ во благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: Заев со поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Заев: Можно е да не поднесам оставка ако опозицијата ги кочи законите битни за граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зелена машина“на Брако ја чистеше Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден

Редакција

Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97

Редакција

Двегодишниот Марко има пречки во развојот, потребни се средства за третман во Турција

Редакција