еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе одговара ли некој за штетниот договор со Хеленик Петролеум за рафинеријата Окта?

Грчки Хеленик Петролеум поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година од Македонија бара оштета од 32 милиони долари.

Ова е само еден од арбитражните спорови кои ги има државата со неколку компании и нивни поранешни сопственици.

Арбитражната постапка од Хеленик Петролеум е покрената за 2011 година, затоа што тоа е последната година кога рафинеријата работи како рафинерија.

Дали Македонија ќе треба да ја исплати оваа сума, ќе се види кога државата ќе го заврши процесот на преговори, во кој се надева да ја намали сумата која ја бара Хеленик Петролеум.

Кој го склучи договорот?

Договорот со Хеленик Петролеум за рафинеријата Окта е склучен во 1999 година во времето на владата на Љубчо Георгиевски.

Во член 10 од договорот стои обврска Македонија до 2000 година да откупува 400.000 тони мазут, а од 2001 година до истекот на договорот во мај годинава да откупува 500.000 тони мазут.

Вакви колични на мазут на Македонија никогаш не и требале, ниту кога и ТЕЦ Неготино би работел во полн капацитет (а речи никогаш не работел), но договорот бил склучен со овој штетен член.

Втор арбитражен спор за Окта, за првиот плативме 40 милиони долари

Оваа е втор арбитражен спор со Хеленик Петролеум за рафинеријата Окта.

Првиот го изгубивме. Тој се однесува на периодот 1999/2007 година, кога не сме ја исполнувале преземената обврска и била донесена пресуда на наша штета како држава.

Во 2007 година Македонија требало да плати 86 милиони долари, но по порамнување тогаш државата исплатила 40 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Хеленик Петролеум бара 32 милиони долари оштета од Македонија, Владата ќе преговара да ја намали сумата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Редакција

Додека се крчка неговата иднина: СЈО купува авиобилети за 600.000 денари

Редакција

На невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19 за патување на грчките острови ќе им треба ПЦР или рапид тест

Редакција