Грција денеска ќе испрати Вербална нота до Македонија во која што ќе информира за ратификацијата на Договорот од Преспа, а Македонија автоматски ќе треба да го започне процесот во кој ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, дека новото име на земјата е Република Северна Македонија.
Промената на името на државата е само еден сегмент од Договорот.
Истиот предвидува и промени на таблите на државните институции и граничните премини и сл., промена на имиња на улици, промена на документите…
Договорот ја регулира и јавната употреба на ѕвездата од Вергина (Кутлеш), која во Македонија ја има и на капаци од шахти, но и на плоштадот во Виница, плоштадот Магнолија во Битола…
Што пишува за ѕвездата од Вергина (Кутлеш) во Договорот?
„Втората страна (Македонија, н.з.) нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“, стои во Договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа
Ќе замине ли знамето од Вергина (Кутлеш) во историјата? Што предвидува Договорот од Преспа
Фото: Bitola.info