Превирањата во Исламската верска заедница (ИВЗ) траат неколку години, а повторно ескалираа во изборната кампања за нов претседател на државата, кога главна тема не е кој ќе победи, туку дали во вториот круг ќе се обезбеди потребниот цензус од 40% плус 1 глас.
Ретко кој има дилема дека обвинувањата од страна на поглаварот Сулејман Реџепи за вмешаност на власта во актуелните превирања во ИВЗ, ќе имаат ефект и врз толку посакуваниот цензус и излезноста на изборите на муслиманската заедница која живее во Македонија.
Прашањето е само колакав ефект, имајќи го во предвид фактот дека Реџепи и не е толку многу популарен во својата заедница.
Онаа што дополнително фрла сенка на последните случувања поврзани со ИВЗ е зошто баш сега треба да се прават смени и дали тоа доколку постои вистинска основа, требало да се прави по изборите.
Овој момент отвара лепеза на прашања, а секако најважното е дали навистина политиката за некои свои цели, вмеша прсти во институција која е автономна и која е оделена од државата?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери
Поглаварот Реџепи ја обвини Владата и државните органи дека се насочени против ИВЗ
Нов обид за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судско решение и полиција
Фото: Реџепи/Фејсбук