еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Почитувањето на превентивните мерки е клучот за враќање во нормала

Министерот за здравство Венко Филипче, три месеци по дијагностицирањето на првиот случај со коронавирусот во нашата држава, оцени дека епидемијата е целосно под контрола и оти битката е добиена, но борбата се уште трае.

Тој потенцира дека вирусот е тука, но оти треба да научиме да живееме со него и да ги почитуваме мерките за заштита- носење маска, држење физичка дистанца.

-По три месеци ние сме на крстосница дали да продолжиме да го враќаме постепено животот во нормала, да се отвораат угостителските објекти, бизнисите, границите и притоа граѓаните да ги почитуваат сите мерки пропишани од Комисијата за заразни болести или ако мерките не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи и понатаму и по неколку месеци да бидеме соочени со предизвик повторно да воведуваме рестриктивни мерки, рече Филипче.

Министерот потенцира дека огромен дел од граѓаните ги применуваат мерките за заштита, но тие, се жртви од оние кои, не го прават тоа.

-Ние практично три месеци работиме и се справуваме со коронавирусот. Неколку пати кажавме дека првата битка е добиена. Но, борбата се уште трае и ќе трае. Факт е дека вирусот нема да замине, ќе биде тука. Ќе мора да научиме да живееме со него. Тоа го прават во сите земји.

Меѓутоа, мора да се заштитиме. Затоа ослободувањето и попуштање на мерките, оди заедно во пакет со таканаречените меки мерки, а тоа се задолжително носење на маска, држење физичка дистанца и често миење и дезинфекција на рацете, истакна Филипче.

-Огромен број граѓани покажуваат свест, се придржуваат до мерките. Но, за жал добар дел од граѓаните тоа не го прават. Дури некои не веруваат во постоењето на вирусот, забележа тој.

Филипче потенцира дека сите мерки се носат врз основа на наука и бројки, а не на парамедицина, како што пишувале некои медиуми.

-Тоа се мерките кои се носат во цел свет. Ние со овие мерки продолжуваме понатаму и тоа е клучот со кој животот постепено го враќаме во нормала. Во изминатиот период имавме доволно време да го зајакнеме здравствениот систем, да се купи доволно опрема, да се купат доволно заштитни материјали.

Да стекнат лекарите, медицинските сестри знаење за болест со која никој претходно немал искуство.

Не знаевме каква ќе биде манифестацијата, каков ќе биде текот на болеста. Меѓутоа сега се стекна искуство и знаење, рече Филипче, кој потенцира дека сето тоа е во насока на што поквалитетен третман на пациентите.

Според него, целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Во овој момент епидемијата е целосно под контрола, подвлече министерот за здравство.

-Очигледно е дека вирусот е тука. Веројатно ќе ја чекаме вакцината, како и целиот свет и стекнувањето на колективниот имунитет. Но тоа е се уште далеку. Огромен дел од борбата со вирусот паѓа на граѓаните. Да се почитуваат мерките на заштита.

Сакам на секој еден граѓанин да му биде јасно дека сите сме одговорни за нашето здравје, со тоа го штитиме и здравјето на нашите најблиски и колективното здравје. Само со почитување на мерките, ќе ставиме крај на ширење на вирусот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Полициски час уште вечерва, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција

Редакција

„Груби и неговите не го сакаат, што остана за другите“: Твитер реакции за незадоволството во ДУИ

Редакција

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Редакција