Австриската полиција го објави идентитетот на Албанецот од Македонија од селото Ласкарци, Општина Сарај, кој ја уби сопругата со нож на паркинг во австрискиот град Тулн, пренесуваат австриските медиуми.
Станува збор за 36-годишниот Џемаил М..
Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.
„Да, сакав да ја убијам“, изјавил тој.
Семејно насилство
Според австриските медиуми брачниот пар имал историја на насилство. Џемаил бил љубоморен сопруг кој често манифестирал насилство. Поради семејно насилство, неговата сопруга и двете деца на возраст од шест и десет години избегале во прифатилиште за жени, пишува весникот heute.at.
Според весникот Џемаил.М. сакал да ја одврати сопругата од нејзината намера да издејствува забрана за пристап, и ја чекал на паркингот пред супермаркет во Тулн. Таа одбила да разговара и се упатила накај нејзиниот автомобил. Пред да го стартува возилото, таа била избодена со нож во вратот, по што искрварила до смрт на местото на злосторството.
Подржувач на ИД?
Според австрискиот порталот „ОЕ24“,Џемаил бил поддржувач на Исламската држава.
Порталот објави негова фотографија од Фејсбук, на која осомничениот позира со испружен показалец на десната рака, што претставува поздрав на Исламска држава (ИД), пишува „ОЕ24“.
Според „ОЕ24“ тој дошол во Австрија за да работи како молер. Имал проблеми со коцкањето што придонеле за неговото агресивно однесување, им рекол неговиот брат од Македонија со кој австриските новинари велат дека стапиле во контакт.
Неговиот брат вели дека осомничениот го уништил целото семејство, кое веќе не сака да има никаков контакт со него, пишува „ОЕ24“.
На Џемаил му се закануваат 20 години затвор.
Фото: Фејсбук/„ОЕ24“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ