Министерот за здрство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил информираше дека утрово се сретнал со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
„На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи.
Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа.
Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство,“ напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство
Фото: Фејсбук/Филипче