Кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи не е повеќе министерка за труд и социјална политика во техничката Влада.
Таа по шест часа расправа, во раните утрински часови беше разрешена од пратениците во македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, откако Грција испрати вербална нота за непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи Мизрахи држеше прес конференции во Министерство за труд и социјална политика пред табла со Република Македонија, која одби да ја смени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи
Додека траеше дебатата во Собранието на Фејсбук за нејзиното разрешување се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој објави заедничка фотографија со Рашела.
„Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка МАКЕДОНИЈА!“, напиша тој под фотографијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори
Министерката Мизрахи не очекува да биде разрешена, не била виновна за ништо
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Мицкоски/Фејсбук