Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска остава впечаток на жена која се грижи за својот изглед.
Во секоја прилика изгледа елегантно и средено, со внимателно избрана гардероба која и прилега на карактерот.
Умерени и нежни тонови, проверена комбинација на бои. На синоќешното отворање на „Браќа Манаки“ таа беше една од најубаво облечените жени на црвениот тепих, со елегантен и ненападен изглед избирајќи долго црно здолниште и бела кошула со висока јака, која исто така беше во тон со аутфитот на претседателот. Креацијата која што таа ја носеше е на модната креаторка Тања Кокев.
Елизабета Пендаровска по професија е стоматолог и работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија.
Фото: Кабинет на претседателот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ