еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Запознајте ја Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, новата прва дама

Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, сопругата на новиот македонски претседател, Стево Пендаровски и стана позната на јавноста уште при првиот негов обид да стане претседател на државата во 2014 година.

И тогаш и во рамките на последната претседателска изборна кампања, таа постојано му беше подршка и не ретко беше со него на неговите настапи.

Која е Ѓоргиевска Пендаровска

Ѓоргиевска Пендаровска вчера го прослави својот 47. роденден.

Завршила Стоматолошки факултет во Скопје.

Таа е стоматолог и работи и на Клиниката за детска и превентивна стоматологија, а со Пендаровски се запознале преку заеднички пријатели.

Имаат еден син, Огнен.

Каква музика слуша

Јавноста во моментов знае многу малку лични податоци за нејзе, но ако детално се разгледа нејзиниот Фејсбук профил на кој е прилично активна, може да се заклучи дека има сличен вкус за музика со нејзиниот сопруг.

Таа е фан на Смитс, У2, Вања Лазарова, Архангел, Екатерина Велика…

Од филмовите, љубител е на Војна на ѕвездите, Хобит…

Кого следи на Фејсбук

Разбирливо следи неколку Фејсбук страни на нејзиниот сопруг, премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, СДСМ, но и Пауло Квелјо, бројни забни ординации…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

(Фото) Што открива за Пендаровски, новиот претседател на државата, неговата сопруга Елизабета

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

Фото: Фејсбук/Ѓоргиевска Пендаровска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора Инженеринг повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција

Алкалоид со раст на добивката, извозот и продажбата

Редакција

Од 2.447 починати од Ковид-19, 22% биле вакцинирани

Редакција