еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ги убедија ли Меркел, Курц и Столтенберг граѓаните да излезат на референдум

За само три дена, Македонија, за да дадат подршка за престојниот референдум ја посетија тројца високи преставници на НАТО и Европската унија.

Во Скопје престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

И тројцата политичари испратија иста порака, граѓаните да излезат на референдумот и да заокружат „ЗА“, бидејќи од гласањето зависи зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

Јасно посочија дека без прифаќање на договорот со Грција нема НАТО и ЕУ.

Неколкуте анкети кои беа направени изминатиов период покажаа дека голем број македонски граѓани се уште не одлучиле дали и како ќе гласат на референдумот, а истите покажаа проценки за различна излезноста, која би се движела од 40 до 57%.

Дали македонските граѓани ги разбраа пораките на Меркел, Столтенберг и Курц ќе видиме наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни Меркел не го предомисли Мицкоски за договорот за името со Грција

Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември 

(ВИДЕО) Столтенберг: Идејата дека може да ја отфрлите спогодбата со Грција и да се зачлените во НАТО е целосна илузија

(ВИДЕО) Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар 18 новозаразени со корона вирусот

Редакција

(Галерија) Ковачевски, Петровска, Маричиќ, францускиот предлог… дел од маските на Вевчанскиот карневал

Редакција

Владиниот Генерален секретаријат ќе потроши 30.000 евра на набавка на камери за препознавање регистерски таблички на возила

Редакција