еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Голема разлика во цените: Два станови во Куманово за еден во скопски Карпош

Во периодот јули – септември лани на целата територија на државава се продадени 674 новоизградени станови, за 195 повеќе во однос на вториот квартал.

Од продадените најскапи се становите во општините Карпош и Центар, каде е постигната просечна цена од 60.398 односно 59.865 денари за метар квадратен.

Меѓу поскапите се и становите во Аеродром, каде во третиот квартал за метар квадратен во просек се плаќало по 50.739 денари,  Кисела Вода со по 46.571 денар, а Гази Баба со по 45.000 денари.

Во Битола цената на метар квадратен изнесувала 33.897 денари, во Струга 32.214, во Струмица 31.502, во Кочани 30.080 денари. Под овој износ односно по 28.730 денари и 26.780 денари чинел метар квадратен во Куманово и во Штип.

Математиката покажува дека со пари за еден стан во Карпош може се купат два во Штип или Куманово.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пораст на становите ставени под хипотека, најмногу во Скопје

Детален преглед: Под хипотека 132.527 станови во Македонија

Становите во Карпош, Центар и Струга со убедливо највисоки „кирии“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

(Видео) Од Охридското Езеро извадени 230 рибарски мрежи со вкупна должина од 12 километри

Редакција

Бројката повторно порасна: Македонија ќе прими 650 цивили од Авганистан

Редакција