еМагазин
Image default
Балкан

Грција очекува Русија да го употребува новото име за Македонија – Северна Македонија

Договорот од Преспа уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни, соопштуваат од Министерството за надворешни работи во реакцијата по соопштението на руското МНР во врска со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашите меѓународни партнери се повикани да го почитуваат духот и содржината на договорот и да го поздрават фактот што политичките раководства на двете земји ја покажаа неопходната политичка храброст за да стигнат до решение за едно особено тешко прашање, во исто време бранејќи ги нивните национални интереси, соопштуваат од грчкото МНР.

Тие изразуваат уверување дека Русија „ќе ја почитува чувствителноста на грчкиот народ во однос на употребата на името Македонија“, и од сега па натаму за земјата ќе го користи „новото уставно име, односно Северна Македонија“.

И што е најважно, ќе се дистанцираат од слични изјави кои што се мешање во внатрешноста на Грција, велат од грчкото МНР и одговараат и на делот од соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија поврзано со внатрешно-политичките случувања во Грција.

-Споменување на политички случувања во внатрешноста на земји пријатели од руското Министерство за надворешни работи не е во согласност со нивото кое ги карактеризира грчко-руските односи и трајните врски на пријателство меѓу нашите народи, велат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека ова создава „разумна загриженост бидејќи го занемарува одреденото со закони и ефективното демократско функционирање на институциите во Грција и на Уставот во кој има јасни одредби“ за справување со секакви можни случаи и „секако не е сфера за коментари од страна трети страни“.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија бара преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

Рускиот весник Комерсант: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Романците и Бугарите најголеми „увозници“ на Ковид-19 во Грција

Редакција

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Редакција

Префектот на грчката област Централна Македонија: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

Редакција