Како и кај нас, така и во Грција и пред потпишувањето на Договорот од Преспа, а посебно по неговото стапување во сила се шират бројни шпекулации, полувистини и лажни вести за тоа што предвидува истиот, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Така на пример во јавноста, колку и да звучи неверојатно се шири информација дека еден од најпознатите хотели во Солун, „Македонија палас„ сега ќе го смени името, што нема никаква врска со тоа што предвидува Договорот. Или дека грчка Македонија ќе стане Јужна Македонија.
Од лажните вести не е поштеден и македонскиот премиер Зоран Заев, кој токму во овој хотел пред неколку години ја чекаше Новата Година.
За него не само на социјалните мрежи и во секојдневната комуникација, може да се слушнат бројни лажни вести и шпекулации дури и на телевизија, а едната од нив е дека тој всушност е Албанец, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Тоа што Грците многу малку знаат за Договорот, како и Македонците, иако истиот е достапен за секој, дополнително ги вжештува работите, а причина плус е и фактот што Грците многу малку знаат за Македонија, за разлика од Македонците кои се чести гости овде.
Најзагрижени се трговците и бизнисмените кои се плашат за судбината на имињата на нивните фирми и производи кои го имаат името Македонија или придавката македонски и кои доаѓаат од грчка Македонија.
Работите во оваа сфера допрва ќе се договораат помеѓу двете земји, па во оваа сфера се и најбројните шпекулации и лажни вести, кои се шират молскавично.
Така да периодот невообичаено, рекламата за македонска алва може да се види насекаде.
Бројни шпекулации и лажни вести има и за македонското малцинство кое живее во Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада