Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10).
Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.
Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал боледува од акутна нелимфобластна лекумија.
Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб.
Потребно е да соберат 140.000 евра за лекувањето.
Броеви за донации:
Телеком 143 424
А1 143 460
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Дечиња во Штип продаваа сок на пазар за да соберат донации за Симона
Собрани половина од средствата за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев
Дали болеста на четиригодишната Симона од Штип беше искористена за лажен Инстаграм-профил?