еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот, вели американската амбасадорка Агелер

Соединетите американски држави постојано ја поддржуваат целта на Македонија да биде добро управувана, демократска земја, нудејќи еднакви можности за сите нејзини граѓани, уште од стекнувањето на независноста во 1991 година.

Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Македонија.

Ова го истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќање на настанот во Скопје по повод одбележувањето на 30 – годишнината од партнерството на УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој со Македонија.

Таа нагласи дека во текот на изминатите три децении, односот со земјава еволуираше во стратешко партнерство и сојуз и сега, вели, работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.

„Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата.

Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува.

Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на С Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство“, порача амбасадорката Агелер.

Горди сме што бевме ваш партнер во изминативе 30 години, рече Агелер, во кои бевме сведоци на значителни промени во овој период, но, подвлече, пред вас има уште многу предизвици.

„САД ќе продолжат да бидат тука за да ги поддржат вашите напори, и со нетрпение очекувам заеднички да ги продолжиме тие напори. Да продолжиме со партнерството за подобра иднина!,“ истакна Агелер.

УСАИД го одбележа 30-годишниот јубилеј со културно-уметничка програма во осум градови во земјава преку која се истакна соработката со граѓаните на Македонија во однос на поттикнување на реформите кои и помагаат на земјата на патот кон евроатлантските интеграции.

Слични настани беа организирани во седум градови, а со денешната манифестација во Скопје завршувуваат активностите по повод јубилејот.

Од отворањето на Канцелариите на УСАИД во земјата во 1992 година во текот на изминатите 30 години, Американската агенција обезбеди за земјава повеќе од 840 милиони американски долари развојна помош, која што беше наменета, пред се, за зајакнување на образованието, економскиот раст, демократијата и владеењето.

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) е основана на 3 ноември 1961 година со усвојувањето на Законот за странска помош од страна на Конгресот. Таа обедини неколку постоечки организации и програми за странска помош, а предводник на оваа трансформација беше претседателот Џон Ф. Кенеди. Кенеди кој ја препозна потребата да се обедини развојот во единствена агенција одговорна за администрирање на помош за странски земји за промовирање на социјалниот и економскиот развој.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симболите на грчкиот национализам: Задникот, Сонцето од Вергина и Богородица

Редакција

Приштина му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

Редакција

До недела сончево и топло, од понеделник заладување

Редакција