Во серијал еМагазин ќе Ви пренесе каков имот пријавиле до Државната комисија за спречување на корупција, обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои деновиве сведочат за случајот „Рекет“ кај колегите од Јавното обвинителство.
Каков имот пријавила Лиле Стефанова?
Обвинителката Лиле Стефанова деновиве сведочеше за случајот „Рекет“.
Според нејзиниот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, таа на свое име пријавила заем и кредит од 600 илјади денари. Кредитот ќе го исплаќа до 2020 година, а заемот од 1,2 милион денари, како што навела требало да го врати во 2017 година.
На име на брачниот другар пријавила неколку парцели земјоделско земјиште во Радовиш, кои се подарок, како и куќи во Радовиш и Раклиш, исто така подароци и возило Пежо 206.
На име на децата пријавила стан во Скопје од 77 метри квадратни, проценет на 4,4 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.
Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во СЈО фали уште да се „испотепаат“
Фото: 1ТВ