еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Инспeкторатот во контрола на ОХИС: Истеклe неупотребливи хемикалии од поранешната фабрика

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршат увид во кругот на Охис каде се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрово почувствувале миризба во околината на фабриката.

Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснуваат дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

– Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, истакнува за МИА инспектор кој е на терен.

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони.

МИА/Фото: Фармахем

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војската влезе во „Охис“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“ на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

„Уште еднаш се докажа дека рамковните се недопирливи“: Твитер реакции за разрешувањето на Стојко Пауновски

Редакција

Нема апанажа за функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени, одлучи Уставен суд

Редакција