еМагазин
Image default
Македонија

Инспекторот Илиевски деградиран на пониско работно место

Ѓорѓи Илиевски, Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови ќе биде распределен на пониско работно место, односно деградиран, објави Факултети.

Ваква одлука донесе директорот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Томе Спировски, откако дисциплинската комисија му ја предложи оваа мерка, бидејќи Илиевски сторил прекршок.

Тој треба да оди во пензија во јануари следната година.

Илиевски во јавноста обелодени дека при редовниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На интернет петиција за поддршка на просветниот инспектор Ѓорги Илиевски

„Браво за храброста на инспекторов!: Твитерџиите со подршка за Илиевски кој обелодени дека владини функционери незаконски напредувале во академската кариера

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски добивал закани: Ме тераа да молчам за аферата на Тетовскиот Универзитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица: Од утре ништо нема да биде исто, не не изненадуваат обидете за саботажа

Редакција

Неизвесно денешното рочиште за „организаторите на настаните на 27 април“ поради самоизолацијата на Јанакиески

Редакција

Од корона вирусот почина пациент од Тетово на 47 годишна возраст

Редакција