еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како ВМРО ДПМНЕ од една од најбогатите партии во Европа, стигна да има финаниски проблеми и замрзнат имот

ВМРО ДПМНЕ последните месеци, освен кадровски, има и финансиски проблеми.

Тоа го потврди и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој во интервју посочи дека во партијата размислуваат како да ги намалат трошоците, па во „игра„ било и продавање или рентање на седиштето на партијата.

По оваа негова изјава, по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судот замрзна вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.

ВМРО ДПМНЕ поднесе жалба за оваа одлука, но истата беше одбиена.

Имотот на ВМРО ДПМНЕ е замрзнат во рамки на истрагата „Талир“ на СЈО, се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.

Во истрагата се осомничени 14 лица, а меѓу нив е и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.

ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ ПАРТИИ ВО ЕВРОПА

Само пред 3-4 години, ВМРО ДПМНЕ немаше никакви финансиски проблеми.

Истражување на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија, од 2016 година покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа според квадратурата која ја поседува како политичка партија.

„Има 93 имотни листа за партиски седишта низ Македонија во кои имотни листови се впишани 33.238 метри квадратни објекти, земјоделско земјиште и пасишта.

Според пазарната вредност, вкупниот имот се проценува на околу 60 милиони евра, додека само новото седиште на партијата во центарот на Скопје вреди околу 40 милиони евра.

После ВМРО-ДПМНЕ најголем имот во Европа поседува Партијата на Центарот во Шведска, чиј имот се цени на околу 53 милиони евра.

Партијата СДУ на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, Лабуристичката партија во Велика Британија има недвижности во вредност од 9 милиони фунти, додека конзервативната 11 милиони„, стои во истражувањето на Скуп.

Од Скуп во истражувањето посочуваат дека вртоглавиот раст на имотот на ВМРО-ДПМНЕ започнува во 2006 година, кога партијата доаѓа на власт на чело со тогашниот лидер Никола Груевски.

Според Скуп партијата во периодот кога е објавено истражувањето имала само двајца вработени на партискиот список, со плата од околу 1.500 евра.

СЕ ПОЧНА СО „БОМБИТЕ„

Моќта на ВМРО ДПМНЕ, иако се уште беше на власт, почнаа да слабее по објавувањето на т.н. “бомби“ на тогашната опозиција, СДСМ на почетокот на 2015 година.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека зад нив стојат странски служби и дека разговорите помеѓу високи функционери на партијата кои се слушат во нив се „сечени и лепени“.

Беше основана СЈО, па против речиси целото тогашно раководство на партијата беа отворени случаи за различни типови на злоупотреба на службената положба и оштетување на буџетот на државата.

Следеше смена и во раководството на партијата. Лидерот со најдолг мандат во партијата, Груевски се повлече, а на негово место дојде актуелниот претседател Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ на последните парламентарни избори иако освои најмногу гласови не успеа да формира Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 24 лица од Ковид-19, вкупно 1.305

Редакција

На промоција на асфалтирана улица во Тетово повторно се вееше знаме со карта на „голема Албанија“

Редакција

По успешната деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

Редакција