еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска

Несовесната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е едно од новите лица заразено со коронавирусот стана топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.

Откако се вратила од скијање во Италија во Македонија, пет дена одела на работа, непочитувајќи ги препораките на Министерството за здравство за сите лица кои се враќаат од таа земја.

Со своето однесување таа ги доведува во опасност колегите, пациентите, но и здравствениот систем. Затвори две клиники, едната во Скопје, другата во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала директорка.

КАКОВ ИМОТ ПРИЈАВИЛА?

Според нејзиниот анкетен лист, на свое име пријавила стан во Скопје од 86 метри квадратни, проценет на 4,7 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругот пак пријавила куќа за одмор во Долна Матка, од 75 метри квадратни, проценета на 3,6 милиони денари, стекната со договор за купопродажба и стан – подарок во Скопје од 75 метри квадратни, проценет на 4,2 милиони денари.

На име на сопругот пријавила и возило Фиат 500.

Како заеднички имот пријавила девизен депозит од наследство и девизна сметка.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора Клиниката за кожни болести во Скопје и кожното одделение во Штип

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица

Фото: Дерматологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Редакција

До четврток жолта (алертна) фаза, температури и до 40 степени

Редакција

(Фото) Транспарент со Груевски „виси“ на унгарскиот Парламент

Редакција